По само 40-тина минути игра Ридинг имаше неверојатно водство од 4:0. До крајот на првото полувреме Волкот постигна гол, за резултатот по првото полувреме да биде 4:1 за Ридинг.
Жиру во 64-та намалува на 4:2, а до крајот на мечот Кошелни и Волкот постигнаа уште два гола за нерешен резултат од 4:4.
Во продолженијата Арсенал поведе со голот на Шамак со 5:4 во 103-та минута, по што следуваше израмнување во 116-та, со голот на Погребњак.
Во 119-та со голот на Волкот и 120-та минута преку Шамак, Арсенал го доби мечот со неверојатни 7:5
Ова е 13-ти натпревар во историјата на Лига купот кога се постигнати десет или повеќе голови.