Борусија Дортмунд на фантастичен начин се избори за пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Милионерите славеа со 3:2 со два гола во самиот финош против Малага.
Хоакин погоди за значајна предност на Малага од 1:0 во првото полувреме. Во финишот Левандовски изедначи на 1:1.
Во 82. минута Елисеу погоди за 2:1 и тогаш се чинеше дека Борусија нема шанси за пласман во полуфиналето, но Реус и Сантана во последните две минути постигнаа погодоци за огромна радост на домашните навивачи.