Француската лизгачка го поправи малерот од последните Зимски олимписки игри и стигна до златниот медал.
Габриела Пападакис заедно со нејзиниот партнер Јала Сизерон го соборија светскиот рекорд во уметничко лизгање и секако го освоија најблескавиот медал.
Тие беа четирикратни светски шампиони и петкратни европски шампиони во двојката, соборувајќи го сопствениот рекорд од 2019 година во Пекинг, поправајќи ја неправдата на Пјонгјанг пред четири години, кога го загубија златото само затоа што на Габриелс во еден момент од настапот и испаднаа градите.
И покрај тоа што беа најголеми фаворити, добија негативни поени поради проблеми со опремата и завршија на второто место.
– Тоа е фрустрирачки. Не сме ние виновни, опремата е. Веднаш почувствував што се случило. Тоа е најлошиот кошмар на Олимпијадата – изјави тогаш Габриела.
Сега ја исправија неправдата, а второто место го освоија актуелните светски шампиони Викторија Синицина и Никита Кацалапов од Русија, додека бронзата ја освои американската двојка Медисон Хубели и Захари Донуху.