Кошаркарот на Цедевита, Крис Џонсон синоќа во мајсторката од полуфиналната пресметка со Будуќност го направи потегот кој многу медиуми го оцени за најубав во досегашниот дел од сезоната во АБА лигата.
На асистенција од Филип Крушлин, Џонсон ја заби топката преку противнички играч.
И на официјалниот сајт на регионалното натпреварување, овој потег е оценет како најубав во сезоната.
Сепак, кошот на Џонсон многу не помогна хрватскиот претставник да ја избегне елиминацијата од црногорскиот тим кој обезбеди финале.