На синиоќешниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Базел и Реал Мадрид се случи невообичаен настан. На неколку минути пред крајот двајца гледачи влегоа во теренот, од кои едниот со камера ја снимаше атмосферата на трибините и тоа го правеше како да е најнормално нешто.
Непоканетите гости беа изненадени кога до нив дотрча едно лице од обезбедувањето и ги отстрани надвор од теренот. Тие дури и даваа знаци на службените лица дека нивното присуство е во ред и дека се дојдени да снимаат.
Натпреварот заврши со победа на Реал од 1:0, но не се знае дали исходот од натпреварот ги инјтересирало овие двајца туристи.