„Армијата на убавици“ кои што Ким Џонг-ун ја испрати да ги бодри севернокорејските спортисти на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг го привлекуваат вниманието на сите присутни и на медиумите.
Девојките кои патуваат како навивачи имаат улога за подобрување на односите со Јужна Кореја и со остатокот на светот.
Националните навивачки се избираат поради нивниот изглед и атрактивност. Тие треба да бидат млади студентки и да бидат вистински следбеници на севернокорејската идеологија.