Шампионот на Италија, екипата на Јувентус го прегази Селтик и во реваншот со 2:0 и со уверливи 5:0 вкупно, се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Старата дама повторно ја потврди разликата во класи, во однос на Селтик и со головите на напаѓачкиот двоец, Матри – Кваљарела, пак беше убедлив против шкотскиот тим.
„Црно – белите“ играа во комбиниран состав, но и тоа не беше пречка за седмиот едноподруго триумф во Торино. Матри погоди во 24. минута, а Кваљарела само ја потврди новата победа во 65. минута.