Италијанскиот шампион, екипата на Јувентус, ја дели само формалност од пласман во четврт-финалето од Лигата на Шампионите, откако вечерва во Шкотска успеаја да слават голема победа против екипата на Селтик.
И покрај целосната иницијатива во првиот дел, екипата на Селтик, не успеа да го награди тоа со погодок, напротив, веќе во 3-та минута, Матри му донесе предност на својот тим, по една контра, и грешка на одбраната на Селтик. Јалова беше доминацијата на шкотскиот тим, во текот на првите 45 минути, кога освен со удари од далечина, друга закана кон голот на Буфон немаше.
Во вториот дел, иако се очекуваше многу посеризна иницијатива и обиди за гол, на екипата на Селтик, сепак Шкотите во тоа не успеаја. Напротив, Јувентус беше многу поконкретен, и успеа најпрво преку Маркизио, а потоа и Вуќиниќ, да ги постави конечните 3-0, и речиси сигурно да се промовира во првиот патник од четврт-финалето од Лигата на Шампионите.