(ВИДЕО) Ирците на стадион ја прославија смртта на кралицата Елизабета, Англичаните згрозени од морбидната песна: „Лизи е во ковчегот…“

Од:

Смртта на кралицата Елизабета Втора несомнено беше вест на денот во целиот свет, а додека многумина на Островот тагуваа, имаше и такви кои ја прославија нејзината смрт или направија пародија на истата.

Таков случај беше забележан во Даблин на натпреварот од Конференциската лига помеѓу Шамрок Роверс и Ѓургарден во првото коло од групната фаза во групата Ф.

На крајот мечот заврши без голови, а го одбележа и песна од тамошните навивачи.

Познато е дека меѓу Ирците и Англичаните нема голема љубов, а очигледно ниту кон кралицата Елизабета не чувствувале нешто, па нејзината смрт ја прославија со морбидна песна.

„Лизи е во ковчегот“ – скандираа на стадионот Тала во Даблин.

Поради смртта на кралицата Елизабета, во Британија е прогласена состојба на жалост, која ќе трае до погребот на Елизабета Втора, а реакции ширум светот пристигнуваат од час во час.

Би можело да ве интересира

Официјално откриен надгробниот споменик на Елизабета Втора

Ана Ололовска

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Елизабета Втора штотуку е погребана, а веќе се прават планови за нов кралски погреб

А1он

(ВИДЕО) Кралот Чарлс повторно ја шокираше јавноста: Прескокна црнец додека се ракуваше со ожалостените

А1он

Трамп го исмејуваше Бајден за тоа каде седел на погребот: Да бев јас, ќе бев во првиот ред

А1он

Околу 250.000 луѓе го посетија ковчегот на кралицата Елизабета

Ана Ололовска