ВИДЕО: Хумелс ја спаси Борусија од пораз

Од:

Фудбалерите на Шахтјор од Доњетск вечерва на својата Донбас Арена ја дочекаа екипата на Борусија Дортмунд во дуелот од осминафиналето од Лигата на шампионите, а на крајот дуелот заврши без победник 2:2.

Почетокот на натпреварот не наговестуваше ефикасен натпревар, а првиот посериозен удар го имаше екипата од Дортмунд. После нафрлувањето од корнер на Ројс, Матс Хумелс од само неколку метри ја погоди пречката на голот на домаќинот.

Ројс се обиде и две минути подоцна, а Пјатов сигурно одбрани. Во 31. минута првиот удар на Шахтјор ја пободи целта и заврши позади грбот на Вајденфелер. Хрватскиот репрезентативец Даријо Срна фантастично изведе еден слободен удар и погоди за водство на украинците од 1:0.

Радоста на домаќините траеше само десет минути. Роберт Левандовски искористи една лоша реакција на одбраната на Шахтјор и го матираше Пјатов за израмнување.

Голема можност да го доведе својот тим во ново водство испушти бразилецот во дресот на Шахтјор, Алекс Техеира. Се обиде да погоди од само два метра но во последен миг успеја да спаси Шмелцер, па на полувреме се замина со нерешен резултат 1:1.

Во продолжението ништо интересно не се случуваше се до 68. минута од дуелот. Долгата топка од одбранбената линија одлично ја искористи Даглас Коста, кој погоди за 2:1 само шест минути откако влезе во игра.

Пет минути подоцна голема шанса за Дортмунд. Левандовски биеше од добра ситуација, но неговиот удар за малку беше непрецизен. Германците тргнаа по израмнување на овој дуел, а до него стигнаа во 87. минута. Шмелцер упати еден центаршут, кој го искористи Хум

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска