Навивачите на Ливерпул се најдоа на удар на домашните хулигани пред почетокот на финалниот натпревар од Лигата на Шампионите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул во Киев.
Thug in Kiev tries fighting random Reds – gets whats coming to him.
?penchu, Reddit pic.twitter.com/Vuiv44cy0P
— Empire of the Kop (@empireofthekop) May 26, 2018
По бруталното претепување на група англиски навивачи, денеска се случи и нов инцидент. На плоштадот во Киев еден полугол хулиган, без причина малтретираше навивач на Ливерпул, а во расправијата интервенираше момче кое што продава шалови.
Тој прво вербално се замеша, по што хулиганот тргна кон него за физички да се пресметаат. Меѓутоа, продавачот на шалови го нокаутираше со само еден удар.