На натпреварот од 8. коло во кошаркарската АБА лига меѓу Левски и Партизан се случи голем инцидент поради што средбата во моментов е во прекин.
Инцидентот е предизвикан од навивачите на бугарскиот тим, кои во паузата меѓу првите две четвртини влетаа преку теренот на другата страна на трибините и ја нападнаа групата навивачи на Партизан.
Кошаркарите побегнаа во соблекувалните.
Има информации за неколку посериозно повредени навивачи. Полицијата дојде во салата дури по неколку минути.
Беше испразнета салата по што продолжи натправарот, во кој Партизан го победи Левски со 98:66.