ВИДЕО: Головите на Фелипе и на Блажевски меѓу 10. најдобри во Лига Европа

Од:

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги смести головите на вардаровите играчи Хуан Фелипе и Дејан Блажевски меѓу десетте најубави оваа сезона во Лига Европа.

Погодокот на Хуан Фелипе на гостувањето на Вардар во Трондхајм кај Розенборг се најде на 6.место во изборот на УЕФА. Бразилецот во финишот од дваесетина метри со лоб удар постигна прекрасен погодок, намалувајќи во тие мигови на 3:1. Тоа беше првиот гол на Вардар во групната фаза од Лигата на Европа.

Деветото место на оваа листа го освои голот на Дејан Блажевски на стадионот „Крестовски“ во Санкт Петербург. После нафрлена топка од корнер, Блажевски со волеј удар од дваесетина метри ја смести топката во долниот лев агол од голот на рускиот тим.

Вардар во групната фаза од ЛЕ успеа да постигне три гола, а од нив дури два беа сместени меѓу првите десет.

Головите на Фелипе и на Блажевски, како и другите најубави погодоци во Лигата на Европа, можете да ги погледнете на следниот линк.

Би можело да ве интересира

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава

УЕФА и ФИФА загубија на суд, Суперлига може да биде формирана