Германија е светски првак во кошарка првпат во својата историја. Германците во финалето на Светското првенство во Манила ја совладаа репрезентацијата на Србија со 83:77 и ја освоија историската титула светски првак.
Досега највисокиот резултат на Германија на светските првенства беше бронзениот медал во 2002 година, кога тимот беше предводен од легендарниот Дирк Новицки.
Dennis sharing a moment with coach. ❤️#FIBAWC x #WinForAll pic.twitter.com/SZClKagxCy
— FIBA Basketball World Cup 2023 🏆 (@FIBAWC) September 10, 2023
По израмнетото воведно полувреме, Германија одигра одлична трета четвртина во која имаше и 12 поени предност. Србите се вратија во завршниот сегмент, го доведоа натпреварот до неизвесен финиш, но промашија неколку клучни шутеви.
Денис Шредер со 28 поени беше лидер на терманскиот состав до големиот триумф. Кај репрезентацијата на Србија најдобар поединец беше Алекса Аврамовииќ со 21 поен (16 во последната четвртина), а Богдановиќ придодаде уште 17.
Во борбата за бронза, Канада ги победи САД со 127:118.