Пласман во полуфиналето обезбеди составот на Реал Мадрид, кој загуби со 3:2 на гостувањето против Галатасарај, но ги продолжува настапите во ЛШ благодарение на убедливата победа од 3:0 на првиот меч на „Сантијаго Бернабеу“.
Кристијано Роналдо беше во главна улога на овој натпревар, откако го отвори резултатот по само седум минути игра и за момент ги стивна фанатичните турски навивачи.
Сепак, Роналдо во 57. минута пропушти стопроцентна шанса за 0:2, по што следеше вистинска фурија на Галатасарај, па домаќините за десетина минути преку Ебуе, Снајдер и Дрогба поведоа со 3:1.
Домашниот состав тргна на се или ништо, Дрогба постигна уште еден гол што беше поништен поради офсајд, за во самиот финиш точка на мечот да стави Роналдо со својот втор гол во Истанбул.