(ВИДЕО) Фудбалерите на Аргентина ги налутија Хрватите: Го фрлија нивниот дрес во корпа за отпадоци

Од:

Аргентина ја совлада Хрватска со 3:0 во полуфиналниот натпревар на Светското првенство во Катар и се пласираше во мечот за титулата светски првак во кој ќе игра против победникот од пресметката меѓу Франција и Мароко.

Тоа беше причина за песна, танц и славење во аргентинската соблекувална.

Како и обично, хрватските и аргентинските фудбалери си разменија дресови по натпреварот. Како што може да се види на видеото, хрватските дресови фудбалерите на Аргентина ги користеле како реквизити со кои мавтале за време на песната, а еден од нив набрзо бил фрлен во корпа за отпадоци.

До неа застана соиграчот на Иван Перишиќ од Тотенхем, Кристијан Ромеро. Тој го извадил дресот од корпата и го фрлил кон својот соиграч.

Хрватските медиуми потегот го оценија како претеран.

Аргентинците беа во сличен проблем по мечот со Мексико кога го нагазија дресот на Мексико, што предизвика бројни негативни коментари.

Би можело да ве интересира

Марчинијак: Французите не се жалат дека сите резерви беа во терен кога Мбапе шутираше пенал

Мароканците одлучија паричната награда од ФИФА да ја донираат за сиромашните сограѓани

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мароканците со фантастичен пречек во Рабат

Горан Наумовски

Мустафа Хаџи со лажна лиценца бил асистент тренер во репрезентацијата на Мароко

Горан Наумовски

Ѓоковиќ го пофали Катар за организацијата на Светското првенство: Еден од најдобрите фудбалски натпревари што сум ги гледал

А1он

Најефикасен Мундијал во историјата