Екипата на Севиља синоќа оствари минимална победа во натпревар од 18-то коло на шпанската Примера, совладувајќи ја Осасуна со 1:0. Стрелец на единствениот гол на дуелот на стадионот „Рамон Санчез Пизхуан“ беше Емир Спахиќ во 83. минута.
На другите натпревари одиграни вчера беа постигнати следниве резултати: Леванте – Атлетик Билбао 3:1, Гранада – Валенсија 1:2 и Депортиво – Малага 1:0. Во петокот Сарагоса – Бетис 1:2.
Денеска се играат натпреварите: Селта – Ваљадолид, Реал Мадрид – Сосиедад, Барселона – Еспањол, Мајорка – Атлетико Мадрид.
Колото ќе биде комплетирано утре со натпреварот Рајо Ваљекано – Хетафе.
Табела: Барселона 49 бодови, Атлетико Мадрид 40, Реал Мадрид 33, Малага 31, Бетис 31, Леванте 30, Валенсија 27,…