Во реприза на ланското полуфинале Лајпциг и Пари Сен Жермен вечерва се среќаваат во дуел од групниот сегмент во фудбалската Лига на шампионите.
Томас Тухел за овој меч нема да смета на двете главни ѕвезди Нејмар и Мбапе, додека останатите се растревожени по вчерашниот инцидент кој се случи во хотелот каде што престојува францускиот првак.
Имено, по враќањето од вечерниот тренинг, неколку играчи на ПСЖ, поточно Ди Марија, Маркињос, Паредес, Кимпембе, Дијало, Дагба, Геје, Кен, Фадига и Руис-Атил заглавиле во лифтот од хотелот и чекале околу 50 минути да бидат спасени.
Морало да интервенираат пожарникари, а за инцидентот се дозна откако бекот Курзава сподели видео на социјалните мрежи.
Pendant ce temps y’a la moitié de l’équipe du PSG bloquée dans un ascenseur ??? pic.twitter.com/nJBfJoXgUw
— Fat’91 (@FatMat91HD) November 3, 2020