УЕФА ги одреди термините за четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите

Од:

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска ги одреди термините за четвртфиналните натпревари од Лигата на шампионите.

Како што соопшти УЕФА, терминот од 18:45 часот, кој важеше од групната фаза до осминафиналето, ќе биде укинат од четвртфиналето па наваму, па сите преостанати натпревари од четвртфиналето до финалето ќе се играат во 21 часот.

Први четвртфинални натпревари: 8 април, 21 часот: Арсенал – Реал Мадрид, Баерн – Интер; 9 април, 21 часот: Барселона – Борусија Дортмунд, ПСЖ – Астон Вила.

Реванш четвртфинален натпревар: 15 април, 21 часот: Борусија Дортмунд – Барселона, Астон Вила – ПСЖ; 16 април, 21 часот: Реал Мадрид – Арсенал, Интер – Баерн.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) ПСЖ повторно им го „украде“ трофејот на Англичаните!

Пламна конфликт помеѓу УЕФА и ФИФА

Горан Наумовски

УЕФА ја осуди одлуката на ФИФА за Балогун: „Интегритетот на натпреварувањето е доведен во прашање“

УЕФА отвора постапка против Јувентус

УЕФА: Финалето на Лигата на шампионите повеќе нема да се одржува во стандардното време од 21 часот

УЕФА го казни Партизан