ВИДЕО: Џошуа со нокаут ја одбрани титулата светски првак

Од:

Британскиот „тешкаш“ Ентони Џошуа (31) ја одбрани титулата светски првак, нокаутирајќи го бугарскиот предизвикувач Кубрат Пулев (39) во присуство на публика во лондонската ССЕ Арена.

Џошуа доминираше во текот на целиот меч, задавајќи му на Пулев мноштво силни и прецизни удари, ескивирајќи ги притоа неколкуте случајни удари со кои бугарскиот боксер се обидуваше да го изненади Британецот.

Борбата заврши во деветата рунда, кога Џошуа со серија прецизни аперкати повторно го разниша Пулев, а потоа со десен директ го испрати на подот во лондонската Арена.

За Џошуа тоа беше 24 победа во неговата 25 професионална борба во рингот, додека Пулев го претрпе вториот пораз во кариерата и прв од 2014 година кога беше нокаутиран од легендарниот Владимир Кличко.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дали Холовеј го постигна најголемиот нокаут на сите времиња?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Шампионот на Европа по тепачката вади пиштол и пука по луѓе

Предраг Петровиќ

Поранешниот олимпиец ја убил девојката и ја фрлил од надвозник, и вбризгал седатив за коњи

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Олександр Усик ја одбрани светската титула во тешка категорија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Боксот има нов „крал“: Крафорд испиша историја