ВИДЕО: Доживотна суспензија за хрватскиот боксер, кој нападна судија

Од:

Меѓународната аматерска боксерска федерација (АИБА), доживотно го суспендира хрватскиот боксер Видо Лончар, бидејќи по пораз во втора рунда на Европско првенство за јуниори во Загреб, го нападна судијата. -АИБА и целото боксерско семејство имаат нулта толеранција за ваков вид однесување – рече претседателот на организацијата, Чинг Куо Ву.

Поради тоа на хрватскиот боксер и неговиот тренер им е забрането да учествуваат во натпреварите на АИБА, а се очекува таа одлука да ја потврди и Дисциплинската комисија на организацијата.

Боксерскиот сојуз на Хрватска, веднаш доживотно го суспендира Лончар, кој заврши во притвор, додека судијата поради тешките повреди е хоспитализиран во болница во Загреб.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дали Холовеј го постигна најголемиот нокаут на сите времиња?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Шампионот на Европа по тепачката вади пиштол и пука по луѓе

Предраг Петровиќ

Поранешниот олимпиец ја убил девојката и ја фрлил од надвозник, и вбризгал седатив за коњи

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Олександр Усик ја одбрани светската титула во тешка категорија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Боксот има нов „крал“: Крафорд испиша историја