Најбрзиот човек на сите времиња, Усеин Болт, го одработи првиот тренинг со тимот на Борусија Дортмунд.
Легендарниот атлетичар од Јамајка денеска доби шанса да покаже што знае покрај ѕвездите на германскиот бундеслигаш, како што се Марко Ројс и Марио Геце.
Пензионираниот осумкратен олимписки шампион привлече силно медиумско внимание, а на стадионот присуствуваа и неколку стотици навивачи на Борусија.
На задоволство на публиката Болт по асистенција на Марио Геце успеа да реализира и гол со глава.
По тренингот Јамајканецот долго време им даваше автограми на навивачите.
Болд ќе тренира оваа недела со Борусија додека трае паузата во шампионатот, а пред неколку седмици стана професионален фудбалер во Мамелади Сандаунс од Јужна Африка.