Компјутер го спореди Болт со најбрзото куче на светот: Кој победи?

Од:

Компјутерската симулација донесе одлична споредба на брзината на најбрзиот човек на светот и најбрзото куче во трка која стана вирална.

Осумкратниот олимписки златен медалист Усеин Болт се повлече од атлетиката во 2017 година, но сепак важи за најбрзиот човек на светот, чии рекорди тешко некој ќе ги собори.

Јамајканецот го постави светскиот рекорд на 100 метри во 2009 година со време од 9,58 секунди на Светското првенство во Берлин. Истата година постави и светски рекорд на 200 метри со брзина од 19,19 секунди.

Бидејќи е најбрзиот човек на светот, неговите времиња се неспоредливи. Ова го поттикна специјализираниот канал на YouTube Motion Athlete да го спореди Болт со најбрзото куче во светот.

Станува збор за хрт, веројатно едно од најпосакуваните кучиња на светот, кое се „пресмета“ во трката со Болт благодарение на компјутерската симулација.

Хртот може да постигне просечна брзина на трчање од повеќе од 64 километри на час, додека за споредба, Болт забележал просечна брзина од 37,58 километри на час во 2009 година.

Симулацијата открива за колку време Болт би бил победен во таа трка. Кучето ќе ја мине целта за само 5,8 секунди, речиси четири секунди пред најбрзиот спринтер од Јамајка.

Би можело да ве интересира

Усеин Болт стана татко на близнаци

Ана Ололовска

Усеин Болт: Сега Роналдо е побрз од мене, тој е супер-спортист

Ана Ололовска

ВИДЕО: Усеин Болт заразен со коронавирус

Горјан Грнчаровски

Јусеин Болт ќе стане татко

Ана Ололовска

Болт би трчал штафета 4х100 со тројца фудбалери

Ана Ололовска

Болт: Човекот кој ќе ги сруши моите рекорди сè уште не е роден

Ана Ололовска