ВИДЕО: Чиле конечно ја освои титулата на „Копа Америка“

Од:

Репрезентацијата на Чиле за првпат успеа да ја освои титулата на „Копа Америка“ откако синоќа во финалето ја победи Аргентина по изведувањето на пенали. Во регуларните 90 минути и во продолжението немаше голови – 0:0, а по пеналите беше 4:1 за Чиле.

Чиле е осма репрезентација која успева да триумфира на „Копа Америка“. Уругвај со 15 трофеи е најуспешен, следи Аргентина остана на 14 (последниот 1993 година), Бразил осум, Парагвај и Перу по два, Колумбија и Боливија имаат по еден трофеј.

И двете селекции имаа шанси да дојдат до триумфот пред изведување на пеналите, а во рулет серијата сите играчи на домаќинот Чиле ги реализираа пеналите: Фернандез, Видал, Арангуиз и Санчез, додека за Аргентина единствено Меси беше прецизен, а Игуаин и Банега не ја затресоа мрежата на чилеанскиот голман Браво.

Најдобри стрелци со по четири голови на 44.издание на „Копа Америка“ се: Варгас (Чиле) и Гуереро (Перу).

Би можело да ве интересира

Копа Америка ќе се игра во САД

ВИДЕО: Меси замолкна соиграч кога почна да пее песна навредлива за Бразил и Пеле

Жарко Настоски

Меси играл повреден во финалето на Копа Америка

Ана Ололовска

Аргентина ја освои Копа Америка

Ана Ололовска

Нејмар и Меси прогласени за најдобри играчи на Купот на Америка

Ана Ололовска

Колумбија го победи Перу во меч за третото место во Купот на Америка

Ана Ололовска