ВИДЕО: Челси и со пораз се провлече во ЛШ, Ливерпул заврши на трето место, Лестер извиси

Од:

Челси загуби со 2-1 на гостувањето против Астон Вила, но и покрај тоа успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите завршувајќи на четвртата позиција на табелата во Премиер – лигата. Томас Тухел и соиграчите треба да му бидат благодарни на Тотенхем кој успеа да направи пресврт и да слави со 2-4 на гости против Лестер, директниот ривал на Челси во трката за ЛШ. Герет Бејл беше двоен стрелец во финишот, Шмајхел си постигна и автогол претходно.

Ливерпул сам си ја кроеше судбината и го совлада Кристал Палас (2-0) со двата гола на Садио Мане.

Манчестер Сити го декласира Евертон со 5-0 за прослава на шампионската титула. Серхио Агуеро се прости со два гола, а претходно стрелаа Кевин де Бруин, Габриел Хесус и Фил Фоден.

Лидс Јунајтед го совлада ВБА со 3-1, а Езгјан Алиоски го одигра целиот натпревар за домаќинот. Манчестер Јунајтед славеше со 1-2 на гости Вулвс, со головите на Ентони Еланга и на Хуан Мата.

Би можело да ве интересира

Скандал во Премиер лигата: Уапсени двајца фудбалери поради силување

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Кашемиро: Не потценувам, но Премиер – лигата е многу потешка од Ла Лига

Мечевите од Премиерлигата во Лондон нема да може да се оддржат ниту следниот викенд

Ливерпул со 9:0 го победи Борнмут, Стерлинг го спаси Челси, хет-трик на Халанд против Палас

Премиерлигашите потрошија 1.5 милијари фунти на трансфери, рушејќи го рекордот