ВИДЕО: Борусија се поигра со Шахтјор

Од:

Екипата на Борусија Дортмунд вечерва успеа да го совлада тимот на Шахтјор со високи 3-0, и со вкупен резултат од 5-2 да се пласира во четврт-финалето од Лигата на Шампионите.

Во првиот дел целосна доминација на домаќините кои преку Сантана во 31-вата минута успеаја да дојдат до водство од 1:0. Само шест минути подоцна, Левановски му сервираше одлична топка на Гетце, кој на мајсторски начин успеа да погоди за високо водство до 2:0. Тоа беше и конечниот резултат во првиот дел.

Во второто полувреме Шахтјор тргна многу поодлучно кон голот на „милионерите“ но Вајденфелер, успеа на два пати одлично да интервенира. Во 54-тата минута Марко Ројс се обиде преку слободен удар да возврати, но не успеа да постигне погодок. Сепак, Јакуб Блажиковски во 59-тата минута успеа да стави точка на овој меч, откако налета од одбиената топка од Пјатов, и без проблеми успеа да погоди и да ги постави конечните 3:0.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска