Барселона го доживеа првиот пораз во Примера оваа сезона, поразени се на гостински терен со 32 од Реал Сосиедад.
Меси го отвори резултатот во седмата минута и стигна до нов рекорд, постигнувајќи гол на десетте последни натпревари, што последен пат му успеа на Бразилецот Роналдо во сезоната 1996/97.
Педро во 25. минута зголеми на 2:0. Но, фудбалери на Реал Сосиедад возвратија во 41. минута преку Кастро, во 55. минута Пике беше исклучен откако доби два жолти картони.
Во 63. минута Маскерано го смени правецот на топката и таа отседна во мрежата на Барселона за 2-2. А во последните секунди од мечот, Агиретче постигна уште еден погодок, за голем триумф на Реал Сосиедад од 3:2.