ВИДЕО: Барса лесно против Рајо

Од:

Барселона на домашен терен ја совлада екипата на Ваљекано со лесни 3-1 и продолжи кон походот за освојување на новиот трофеј во Примера.

Веќе на стартот се забележа дека Барса ќе доминира на теренот откако Меси во 8-та минута од слободен удар ја погоди пречката на гостите.

Првиот гол за „каталонците“ го постигна Давид Виља во 25-та минута по одличниот соло продор на Меси кој одлично асистираше кон Шпанецот.

По 15 минути и самиот Меси се запиша во листата на стрелци, овој пат Виља беше асистент така Барса имаше одлични 2 гола предност.

Во продолжението во 57-та минута повтворно одлична акција на стрелците на предходните гола за Барселона кога Виља упати топка кон Меси, а овој со одличен лоб удар го матираше гостинскиот голман.

До крајот гостите постигнаа само почесен погодок, а стрелец на голот беше Раул Тамудо.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска