Екипата на Баерн Минхен е вториот финалист во Лигата на шампионите на Европа откако вечерва и на Ноу камп ја совлада Барселона со 3:0.
Водечкиот гол за Баерн го постигна Ариен Робен во 48 минута, предноста ја зголеми со автоголот на Жерар Пике во 72 минута, а конечните 0:3 ги постави Томас Милер во 76 минута.
На првиот натпревар на Алијанц арена во Минхен пред една недела, баварците славеа со 4:0.
Баерн Минхен во финалето на ЛШ ќе ги одмери силите со Борусија Дортмунд, која и покрај синоќешниот пораз на Сантијаго Бернабеу од 2:0, го елиминира Реал со вкупен резултат 4:3.
Германското финале во Лигата на шампионите се игра на 25 мај на Вембли во Лондон.