Фудбалерите на Баерн Минхен се пласираа во полуфиналето од лигата на шампионите откако вечерва во ТОрино славеа со идентични 2:0, како и во Минхен.
Домаќините најсериозно се заканија во 24 минута од слободен удар преку Пирло кој биеше силно онаму каде што беше поставен Ноер.
Најголемата шанса фудбалерите на Баерн ја имаа преку Алба во 39 минута кој биеше од работ на шеснаесетникот, но Буфон одлично реагираше.
Во вториот дел по 10 минути игра Баварците беа најблиску до погодок кога Ариен Робен ја погоди стативата. Но веќе во следната акција германскиот шампион покажа зошто е фаворит за полуфиналето и по центар шутот од десната страна, најдобро во шеснаесетникот се снајде Марио Манџукиќ.
Германскиот шампион ја потврди доминацијата против италијанскиот претставник преку нововлезениот Пизаро кој ги постави конечните 2:0 во 91 минута.