Со песна, на грузискиот аеродром тргна македонската фудбалска репрезентација, која вечерва по натпреварот со Грузија се пласираше на Европското првенство.
Вечерва, македонската репрезентација се очекува да пристигне на Меѓународниот аеродром во Скопје, каде чекаат голем број медиуми и навивачи.
Претходно, низ улиците, со песни и знамиња навивачите го славеа големиот успех и историскиот прв пласман на континентален шампионат во сениорска конкуренција.