Репрезентациите на Аргентина и на Хрватска вечерва се соочуваат во воведното полуфинале на Светското првенство во Катар. Еуфоријата во двете земји е на највисоко ниво. Во очекување на пресметката аргентинските навивачи се надминаа возејќи тенк на улица.
На социјалните мрежи се споделува снимка на која навивачите со дресови и знамиња се возат со тенк по улица во пресрет на полуфиналето.
When you thought Argentina fans couldn't surprise you anymore 😂
🎥 IG/abbycerega pic.twitter.com/d1NWT6Nri1
— 433 (@433) December 13, 2022
Навивачите се надеваат дека Аргентина ќе им се одмазди на Хрватите за поразот во 2018 година во Русија и ќе избори финале.