ВИДЕО: Агуеро го остави Манчестер Сити во игра

Од:

Со трите гола против Баерн Минхен постигнати синоќа во натпреварот од 5. коло од групата во Лигата на шампионите Серхио Кун Агуеро го остави својот тим во игра за нок-аут фазата во Лигата на шампионите.

Откако донесе водство Агурео, Баерн со играч помалку направи пресврт со головите на Чаби Алонсо и Робер Левандовски, а во последните пет минути Агуеро уште двапати за затресе мрежата на Баварците.

Во прилог на Манчестер Сити „одеше“ и ремито во Москва меѓу ЦСКА и Рома.

Од синоќешните дуели за одбележување и рекордот на Лионел Меси, кој со хет-трикот сега е најдобар стрелец во Лигата на шампионите со 74 голови и го мина Раул, поранешниот играч на Реал Мадрид.

Резултати 5.коло:

Е група: ЦСКА Москва – Рома 1:1, Манчестер Сити – Баерн Минхен 3:2.
Табела: Баерн 12, Манчестер Сити 5, Рома 5, ЦСКА Москва 5.

Ф група: АПОЕЛ – Барселона 0:4, ПСЖ – Ајакс 3:1.
Табела: ПСЖ 13, Барселона 12, Ајакс 2, АПОЕЛ 1.

Г група: Шалке – Челзи 0:5, Спортинг – Марибор 3:1.
Табела: Челзи 11, Спортинг 7, Шалке 5, Марибор 3.

Х група: БАТЕ Борисов – Порто 0:3, Шахтјор – Атлетик Билбао 0:1.
Табела: Порто 13, Шахтјор 8, Атлетик Билбао 4, БАТЕ Борисов 3.

Натпреварите од групите од А до Д се играат вечерва.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска