Во рамките на 23-то коло од шпанската Примера, екипата на Барселона продолжува со својата супериорна игра и по се изгледа ќе го вратат трофејот на „Камп Ноу“. Денес нивна жртва беше тимот на Гетафе кој беше демолиран со високи 6-1.
Сите голови за „каталонците“ ги постигнаа различни фудбалери, па така во листата на стрелци се запишаа Санчез, Меси, Виља, Тељо, Иниеста и Пике во финиот на мечот. Почесен погодок за гостите од Мадрид постигна Васкез во 83-та минута за моментални 4-1.