ВИДЕО: 300-ти гол за Меси во Барса и нови три бода

Од:

Поради мечот од Лигата на Шампионите против Милан, заменикот на Тито Виланова, Жорди Роура излезе на теренот со нешто поинаков состав од оној вообичаениот.

Со оглед дека Чави сеуште се опоравува од повредата на коленото, беше изоставен од тимот за да биде подготвен за мечот со Милан. Во почетниот состав не се најде ниту Иниеста.

Средбата резултатски почна лошо за „Каталонците“, по водството на Гранада во 26-та минута со голот на Игало. Со истиот резултат двата тима заминаа на пауза.

Во продолжението на Лионел Меси, не му беше потребно многу време да го постигне својот 300-ти гол во дресот на Барселона. Во 50-та минута по една одбиена топка, тој го израмнува резутатот на 1-1.

Одличниот Аргентинец до крајот на натпреварот му донесе водство на својот тим и целосен пресврт со голот во 73-та минута.

Сето ова е само одлична најава за дуелот од Лигата на Шампионите, против италијанскиот великан Милан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска