ВИДЕО: 1:1 на 223-то Ел Класико

Од:

Фудбалерите на Реал Мадрид и Барселона, одиграа без победник 1:1 во првиот полуфинален натпревар во националниот Куп.

Реал и Барселона го одиграа својот 223-ти натпревар, 88 победи има Реал, 87 Барселона, додека 48 пати немало победник. Во националниот Куп, големите ривали го одиграа 31 натпревар, Барселона победила 14 пати, Реал 10, а седум пати било нерешено.

Барселона стигна до предност во 50. минута, Меси пресече топка која се обиде да ја исфрли Кајехон, веднаш му асистираше на Фабрегас, а овој без проблеми го матира Диего Лопез.

Казната за шансите кои ги промашија играчите на Барселона стигна во 81. минута, кога еден од најдобрите играчи на Реал, Варан, по центаршутот на Езил, од 10 метри со глава го совлада Пинто.

Возвратниот дуел по кој ќе биде познат финалистот ќе се одигра во Барселона на 27. февруари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска