Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер не можеше да поверува што му се случи на неговиот тим на синоќешното гостување кај Баерн во Лигата на шампионите. Арсенал загуби со 5:1, иако на полувреме резултатот беше нерешен 1:1.
– Се уште не ми се верува што се случи. Последните 25 минути беа вистинска ноќна мора за нас. Немавме одговор на нивните акција. Беше тешко да се вратиме по примените два гола, а потоа се отиде на лошо. Ќе треба да направиме анализа, но мора да го прифатиме резултатот таков каков што е, иако исходот за нас е многу неповолен, изјави францускиот стручњак по дуелот во Минхен.
Реваншот на „Емирати“ во Лондон е на 7 март.