Венгер бил прва опција за нов тренер на Фулам

Од:

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер бил прва опција за наследник на Славиша Јокановиќ на тренерската позиција во Фулам, тврди „Дејли Мирор“.

Фулам денеска го отпушти српскиот стратег по слабиот старт на сезоната во Премиер лигата и на негово место го назначи поранешниот тренер на Лестер и Челзи, Клаудио Раниери.

Според изданието, сопственикот на Фулам, Шахид Кан сакал Венгер да застане на чело на тимот, па дури имал и разговори на оваа тема со сопственикот на Арсенал, Стен Кронке, кој го уверил во квалитетите на францускиот стратег.

Самиот Венгер исто сметал дека понудата на „котиџерс“ е многу интересна, но ја отфрлил од почит кон Арсенал и навивачите на клубот.

Неодамна Венгер во интервју изјави дека има желба да продолжи да работи, но тоа нема да биде во Премиер лигата, бидејќи чувствува преголем респект кон Арсенал.

Според извори на „Мирор“, сепак, Венгер очекува повик од поголем европски клуб и дури е изненаден што уште не добил понуда.

Во последниве месеци различни шпекулации го поврзуваат Французинот со тренерските позиции во Реал Мадрид, Баерн, Милан и Монако.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Почина Мoхамед ал Фајед

Горан Наумовски

Тренерот на Фулам за Митровиќ: Го сакаше тоа по секоја цена, тоа не е нормално

Предраг Петровиќ

Митровиќ на тренинг на Фулам – пропадна трансферот

Фулам го потврди доаѓањето на мексиканскиот репрезентативец, Раул Хименез

Предраг Петровиќ