Тренерот на Фулам за Митровиќ: Го сакаше тоа по секоја цена, тоа не е нормално

Од:

Тренерот на Фулам, Марко Силва го потврди она што беше познато – Александар Митровиќ заминува од Лондон.

Португалскиот стручњак зборуваше на прес-конференција по убедливиот пораз на неговиот тим во второто коло од Премиер лигата од Брентфорд (0:3), кога го потврди заминувањето на српскиот напаѓач.

„Митровиќ не беше во тимот затоа што не тренираше со тимот во претходните денови. Тој е на пат да го напушти клубот. Добив информација и потврда дека ќе замине од Фулам во Ал Хилал, бидејќи клубовите стигнаа до Договор. Заврши ерата на Митровиќ во Фулам, сакаше да го напушти клубот по секоја цена. Ако ме прашате дали фудбалерите треба да се однесуваат вака, не, тоа не е нормално“, изјави Силва.

Името на Митровиќ пред тоа го немаше на списокот за споменатиот меч во англискиот шампионат, а претхофно новинарот Фабрицио Романо потврди дека наскоро ќе биде промовиран во нов играч на Ал Хилал.

Таму ќе потпише тригодишен договор според кој ќе заработи вкупно 75 милиони евра. Сега неговиот поранешен клуб ќе заработи над 50 милиони евра обештетување.

Инаку, самиот Силва имаше профитабилна понуда од Саудиска Арабија, но реши да остане во Фулам.

Би можело да ве интересира

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ

Почина Мoхамед ал Фајед

Горан Наумовски

Нејмар пристигна, принцот му испрати авион со златен трон

Предраг Петровиќ

Саудиски фудбал: Навивач го предупреди голманот дека топката оди кон неговиот гол

Предраг Петровиќ

Александар Митровиќ избркан од Фулам, тврди италијанскиот експерт

Митровиќ на тренинг на Фулам – пропадна трансферот