Величковиќ повторно МВП во АБА лигата

Од:

Капитенот на Партизан Новица Величковиќ е прогласен за најкорисен кошаркар во 21. круг на АБА лигата, откако со 28 поени ги предводеше црно-белите до победа над Будуќност (94:83).

Величковиќ натпреварот во Белград го заврши со пет асистенции, два скока, украдена топка и блокада за вкупниот индекс на корисност 36.

Искусен 31-годишен кошаркар многу пати оваа сезона беше избрана за најдобар играч на кругот, исто така беше и МВП на јануари, а во просек бележи 12,1 поен, 5,3 скока и 2,4 асистенции по натпревар.

Најмногу поени во 21.рунда од регионалното натпреварување постигна центарот на Цибона Лука Зориќ (29), истиот играч и Престон Ноулс од Задар постигнаа остварија најмногу скокови (13), Кваме Фон од Партизан девет пати асистираше, а Бранислав Ратковиќ (Цибона) и Мислав Брзоја (Задар) имаа по четири украдени топки.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Стартува новата сезона во АБА лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје рано ги заврши настапите во АБА 2 лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје со пораз го заврши АБА 2 турнирот во Сараево

Ана Ололовска