Велибор Џаровски – Џаро: Целиот регион мести фудбалски натпревари

Од:

„Контроверзниот крал на местењето фудбалски натпревари“ Велибор Џаровски – Џаро, како го нарекува српски „Блиц“, објаснува на кој начин функционираат нерегуларностите во фудбалот во регионот и кој е се’ одговорен за ваквата состојба.

Џаровски вели дека во местењето на резултатите учествуваат сите раководни лица во клубот – од управата, стручните штабови и играчите. На прашањето кои тимови во денешно време ги прават овие неспортски работи, тој одговара – сите до еден!

– Тренерите најлесно можат да наместат натпревар. Доволно е само да не ги пуштат на теренот најдобрите играчи или пак да намерно да ги стават на погрешна позиција.

– На пример, во Македонија еден селектор состави тим така што во кладилниците квотата за 4+ веднаш се зголеми. Резултатот на крајот беше 4:0. Оваа фудбалска приказна стигна и до УЕФА и нејзините претставници беа во Скопје. Случајот уште се истражува, но е затворен во некоја фиока – вели Џаровски.

Според него, невозможно е во минатите 50 години да постоеле намстени натпревари, а во последните години да се очекува некаква промена.

Тој вели дека не мора да бидат наместени 20 натпревари, доволни се само 3 за да се одлучи кој ќе биде шампион, а кој ќе испадне од лигата. Од сите првенства во регионот, како што вели Џаровски, убедливо најнерегуларно е хрватското.

– Денес натпревари местат и политичари кои се на власт, а се вклучени во работата на клубот. Тоа го прават за своја лична промоција. Можно е и најдобриот играч на теренот да го направи тоа. Оној кој внимателно гледа, лесно може да утврди за што станува збор – вели Џаровски.

Тој за „Блиц“ раскажува дека поради фудбалот досега три пати завршил во затвор за аферите „Тетекс“, „Сплитска афера“ како и аферата „Шајбер“.


Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Почина Велибор Џаровски-Џаро

Горан Наумовски

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ