Вечер ќе бидат познати последните два четвртфиналисти во ЛШ

Од:

Во фудбалската Лига на шампиони вечерва ќе се одиграат последните два реванш натпревари од осминафиналето.

Екипите на Атлетико Мадрид и Манчестер Сити кои на првите натпревари против Баер и Монако остварија предност од два гола, вечерва ќе се обидат да го заверат својот пласман во четвртфиналната рунда.

На „Висенте Калдерон“ во Мадрид, екипата на Атлетико ќе стартува со предност од 4:2 остварена на првиот меч во Леверкузен, додека Манчестер Сити кај Монако отпатува со предност од 5:3 по натпреварот одигран во Англија.

Сепак, имајќи го во предвид подвигот кој го направи Барселона која елиминира 0:4 од првиот меч против ПСЖ, тешко кој може да предвиди дали оваа предност од два гола е доволна за „јорганџиите“ и популарните „гаѓани“.

Двата натпревари ќе започнат во терминот од 20 часот и 45 минути, по кои ќе бидат познати последните два тима кои ќе обезбедат пласман во полуфиналето.

Досега место меѓу осумте најдобри во елитата обезбедија: Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Јувентус и Лестер.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска