Вардарци оптимисти пред дуелот со ПИК Сегед

Од:

Секој натпревар за македонскиот ракометен првак Вардар е нов предизвик за победа, без разлика на ривалот, натпреварувањето или местото на одигрување.

Со овој мотив во недела вардарци пред домашна публика ќе влезат во дуелот против унгарскиот тим  ПИК Сегед, во натпреварот од 4. коло во Лигата на шампионите.

– ПИК Сегед е екипа која ние многу ја почитуваме. Тие се искусни и квалитетни, имаат искусен тренер, но ние имаме добра форма и играме дома, а дома секогаш одиме на победа. Оваа година како и во минатото е императив тој пласман на Ф4 турниот. Мораме да се пласираме на Ф4 турнирот, првенствено заради нас играчите, а потоа заради клубот и навивачите. Затоа ќе одиме на победа на секој натпревар, и екипи како ПИК Сегед мора да се победуваат, изјави капитенот Стојанче Стоилов на денешната прес конференција

Вардар е во серија од 10 победи по ред од почетокот на сезоната, од што три се во лигата на шампионите. Добрата форма ветува и позитивен резултат, но секогаш мора да се биде внимателн кога во прашање се натпреварите во елитното друштво, констатира тренерто Раул Гонзалес.

– Ќе биде тешко. Лани игравме двапати и победивме. Не се знае како ќе дојде тука ПИК Сегед. Мислам ќе има некое изненандување, дополни Гонзалез

Вардарци се лидери на табелета во Б групата со со 6 бода, додека ПИК Сегед досега има освоено три бода.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ