Вардар со реми и постигнат гол се враќа од гостувањето кај Малме

Од:

Македонскиот првак Вардар со нерешен резултат и постигнат гол се враќа од гостувањето кај Малме во Шведска.

Во првиот натпреварар од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, одигран попладнево на „Сведбанк“ стадионот, Малме и Вардар одиграа „реми“ 1:1.

Во првото полувреме црвено-црните поточно Балотели во два наврати имаше големи шанси да го доведе Вардар во водство, но резултатот остана непроменет. Она што не успеа да го искористи Бразилецот, конечно во 63-минута му успеа на Бобан Николов кој по обидот на Балотели да шутира, неговиот удар беше изблокиран, а топката дојде до Николов кој шутираше во долниот лев агол, за водство на Вардар од 0:1.

Примениот гол како да ги разбуди домашните фудбалери кои со сите сили притиснаа кон голот на Вардар. Таквиот притисок резултираше со гол во 75-минута, кога по центаршут од од левата страна, Франц Брорсон со глава од 5-6 метри го совлада Гачевски и го израмни резултатот на 1:1.

Малме се обидуваше да дојде и до втор гол, но добрите интерванции на Гачевски и среќата во последните минути им донесоа на вардарци позитивен резултат пред реванш дуелот во Струмица закажан за следниот четврток (20 јули).

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска