Вардар против Сосиедад во четвртата рунда од ЛЕ

Од:

Екипата на Вардар вечер од 21 часот и 5 минути му гостува на Реал Сосиедад на стадионот „Аноета“ во Сан Себастијан. Ова ќе биде дуел од четвртото коло во групната фаза од Лигата на Европа.

Избраниците на тренерот Чедомир Јаневски ќе имаат можност пред шпанската публика да го подобрат впечатокот од меѓусебниот натпревар во Скопје кога загубија со 6:0.

– Знаеме дека сме во резултатска криза, но овие натпревари ни даваат шанса и можност да се докажуваме во Европа. Ќе направиме се што е во нашите можности да се надигруваме со еден силен тим, и сакаме лошиот впечаток и лошиот резултат кој го имавме на домашен терен, да го поправиме и да дојдеме до позитивен резултат, изјави Јаневски.

На другиот дуел од 4.коло во Л-групата од Лигата на Европа играат Розенборг и Зенит.

Води Зенит со максимални 9 бода, Сосиедад има 6, Розенборг 3, Вардар е без освоен бод.

Би можело да ве интересира

Комити им се заканија на Арсовска и на Славески: Исплатете ги парите или ќе се радикализираме

ФК Вардар доби свој дом во Аеродром, пуштен во употреба новиот фудбалски терен наменет за младинската школа на клубот

А1он

Муцунски: Вардар и Комити добиваат нов спортски терен во Аеродром, поддршката за клубот продолжува и во иднина

Бугарската Фондација не се откажува: Вардар не искористи, влегуваме во Втора или Трета лига со 120.000 евра

Орце Костов

ЛДП: ФК Вардар е симбол на државата, затоа ја поздравуваме поддршката на политичките партии за клубот

ЛДП обезбеди финансиска поддршка на ФК Вардар во Град Скопје