ЛДП обезбеди финансиска поддршка на ФК Вардар во Град Скопје

Од:

Иницијативата за обезбедување институционална поддршка за ФК Вардар, предложена од советникот на ЛДП проф. д-р Никола Пановски во Советот на Град Скопје, беше изгласана со 34 „за“ и 1 „против“ на денешната седница на Советот.

Препознавајќи ја итната потреба за колективна акција и единство, ЛДП ја предводеше оваа иницијатива по барање на навивачката група на Вардар, а со цел да се обезбеди опстанок и просперитет на фудбалскиот клуб, кој во последно време се соочува со сериозни предизвици. Наместо да се потпира исклучиво на корпоративни донации, кои често водат до непотребни политички битки, ЛДП се залагаше за институционален пристап за одржување на клубот.

„Горди сме на овој заеднички успех. Од клучно значење е да продолжиме да се бориме за спортот, а тоа мораме да го правиме колективно. Остануваме одлучни во заложбата за поддршка на ФК Вардар, но и за обезбедување поддршка на сите спортски клубови кои се натпреваруваат во македонската прва лига. Да обезбедиме посветла иднина за спортот во земјава бидејќи истиот претставува гордост на секоја нација“ – истакнаа од партијата.

Би можело да ве интересира

Комити им се заканија на Арсовска и на Славески: Исплатете ги парите или ќе се радикализираме

ФК Вардар доби свој дом во Аеродром, пуштен во употреба новиот фудбалски терен наменет за младинската школа на клубот

А1он

Муцунски: Вардар и Комити добиваат нов спортски терен во Аеродром, поддршката за клубот продолжува и во иднина

Бугарската Фондација не се откажува: Вардар не искористи, влегуваме во Втора или Трета лига со 120.000 евра

Орце Костов

ЛДП: ФК Вардар е симбол на државата, затоа ја поздравуваме поддршката на политичките партии за клубот

Вардар се врати во фудбалската елита на Македонија

Катерина Ѓуровски