Вардар посакува уште еден триумф против Рајн Некар

Од:

Македонскиот ракометен шампион Вардар посакува продолжување на серијата што ја има сезонава во Лигата на шампионите со уште една победа над германскиот шампион Рајн Некар.

– Одигравме добар натпревар против Рајн Некар пред десетина дена на гостински терен. Ако сакаме да успееме треба да ја искористиме оваа ситуација, но мораме да ги почитуваме, бидејќи тие се добар клуб. За нас е важно да победиме макар и со еден разлика, а не да се фокусираме да бркаме поголема победа. Кога играш и губиш со многу разлика треба да смениш нешто затоа очекувам дека тие ќе дојдат со нова тактика, но ние се подготвувавме за секој натпревар 100 отсто и не знаеме дали ќе победиме 10 или ќе изгубиме со 1, изјави Раул Гонзалез, тренерот на Вардар.

Капитенот на „црвено-црните“ Стојанче Стоилов очекува потврда за добрата форма во која се наоѓа тимот.

– Не очекува Лигата на шампионите против Рајн Некар. Овој натпревар доаѓа по градското дерби со Металург, кој беше тежок дуел, но знаевме дека ќе биде така. Сега сите погледи ни се насочени кон натпреварот против Рајн Некар. Таму одигравме совршен натпревар, што не значи дека ќе биде така и тука. Атмосферата е одлична ова е добра шанса за нас да покажеме дека сме голем клуб и да ја потврдиме одличната форма во Скопје, истакна Стоилов на денешната прес-конференција.

Натпреварот Вардар – Рајн Некар е закажан за в сабота во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански”.

Ова ќе биде шеста меѓусебна пресметка на овие две екипи во ЛШ, а Вардар досега има четири победи, меѓу нив и онаа пред една недела на гостувањето во Франкфурт со 33:27, што го задржа првото место на табелата во Б групата во Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ