Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва во Велење, Словенија, ќе го одигра натпреварот против Горење, во регионалната СЕХА лига.
За вардарци ова ќе биде предпоследениот натпревар од групната фаза, кој доколку го добијат ќе го осигураат првото место, а со тоа и поповолна позиција за разигрувањето, односно Фајнал-фор трурнирот.
Натпреварот Горење Велње – Вардар ќе се игра во терминот од 20 часот и 30 минути.
Покрај овој натпревар денеска се игра и средбата меѓу Веспрем и последно пласираниот тим на Извиѓач. Потсетување дека вчера унгарскиот шампион Веспрем забележа убедлива победа над македонскиот вице-првак Металург со 33-21.
Табела: Вардар 41 бодови, Веспрем 38, Целје 30, ППД Загреб 28, Мешков Брест 26, Горење Велење 12, Нексе 12, Металург 10, Татран Прешов 10 и Извиѓач 3.