Вардар го победи Загреб и е нов лидер во Б-групата од ЛШ

Од:

Македонскиот ракометен првак Вардар вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје го победи Загреб со 25:20 и изби на лидерското место на табелата во групата Б од елитната Лига на шампиони.

„Црвено-црните“ до седмата победа сезонава стигнаа по предноста која ја направија со „фуриозниот“ старт и серијата од 5-0. Загрепчани првиот гол го постигна на истекот од 8.минута. Вардарци потоа во неколку наврати имаа плус 6, предност со која заминаа на паузата меѓу двете полувремиња (14:8). Во 34.минута за првпат разликата отиде на седум голови (16:9). Од пет до седум голови изнесуваше предноста на Вардар во текот на целото второ полувреме, со исклучок на еден кризен период кога гостите со серија од 3-0 намалија на 21:17 во 53.минута. Сепак до крајот македонскиот шампион на дозволи изненадување како на средбата во Загреб кога испушти пет голови разлика и претрпе пораз.

Алекс Дуешбаев се истакна со седум погодоци, по четири реализации имаа Игор Карачиќ и Лука Циндриќ. На голот со 11 одбрани свој удел во триумфот имаше Арпад Штербик.

Во поразениот состав најефикасен беше Добривоје Марковиќ со шест погодоци.

Од оваа група вечера во последниот натпревар од 10.коло играат Цеље и Кристијаншатд.

Табела:Варда 14 бода, Киелце 14, Пик Сегед 13, Рајн-Некар 13, Мешков Брест 11, Цеље 5, ППД Загреб 4, Кристијанштад 4.

Би можело да ве интересира

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

Пронајден машки труп во водите на Вардар, утврден идентитетот

ЦУК: Камион на патот Зелениково – Таор ја проби оградата на мост на Вардар, нема жртви

(ВИДЕО) Змија на кејот на Вардар во Скопје: Топлото време ги раздвижи змиите

А1он

Фудбалерите на Вардар останаа без плата, Комитите собираат пари: Цобе сите не изневери

Горан Наумовски

ЦУК: Отстранета опасноста oд локално поплавување во Неготинско

Горан Наумовски