Вардар го напаѓа првото место СЕХА лигата

Од:

Македонскиот шампион Вардар денеска од 17 часот и 45 минути на домашен терен игра натпревар од 4.коло во ракометната СЕХА лигата, а со победа „црвено-црните“ ќе го преземат првото место на табелата.

Во Скопје ќе гостува словачкиот шампион Татран Прешов, екипа која важи за незгоден ривал за Вардар, особено што лани во Скопје постигна победа.

Татран и оваа сезона беше на прагот да избори учество во Лигата на шампионите, но беше запрен од Динамо Минск.

За тимот на тренерот Зоран Кастратовиќ ова е прв од серијата од три натпревари од СЕХА лигата, бидејќи во сабота и гостуваат на Војводина во Нови Сад, а во вторник во Скопје доаѓа Нексе.

Сите овие дуели се како подготовка за пресметката од Лигата на шампионите со ПСЖ закажана за 13 октомври.

Вториот македонски претставник во ова натпреварување, тимот на Металург вчера во натпревар од 4.коло постигна победа над Борац во Бања Лука со 26:22.

На чело на табелата е Загреб со 9 бодови, Вардар и Металург имаат по 7, а Татран Прешов, Нексе и Војводина по 6.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП